Руското (советско) торпедо „Шквал“ кој е добро познат по тоа што е најбрзото торпедо на светот, ќе биде надграден за да ги исполни целите кои се предвидени со новите задачи, изјави во разговор за РИА Новости генералниот конструктор на фабриката „Дагдизел“ (Дагестан) и прв претседател на Научниот совет за торпедно вооружување, Шамил Алиев.
Првиот „Шквал“ е создаден во 50-те години на ХХ век. Торпедата од тој тип можат да се движат со брзина од 250 до 300 километри на час.
„Едно од нерешените прашања на кое сега се работи е проектирање на хидродинамичкиот облик на идното торпедо од типот „Шквал“. Кога тоа ќе биде завршено, ние ќе можеме да го зголемиме неговото „оптеретување“. Ќе ни биде јасно колкава може да биде неговата носивост. Хидродинамичкиот облик е основа за конструкциите на подводните ракети и тој ги одредува нивните можности“, истакна Алиев.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче