„Што се однесува до С-400, ние со Русија се договоривме, документите се потпишани. Има неколку технички детали, ќе разговараме за нив во рамките на мојата посета со учество на напи стручњаци, вклучувајќи и експерти од министерството за одбрана”, изјави Ердоган.
Тој додаде дека Турција планира да „преземе чекори за да го реализира овој проект што поскоро”.
Москва и Анкара се договорија за испорака на С-400 и потпишаа договор. Анкара веќе ја уплати првата рата.
Во неделата Анкара соопшти дека набавката на противвоздушниот ракетен систем С-400 од Русија е изнуден потег, затоа што на Турција ѝ е потребна заштита од ракети, а не ја добила потребната поддршка од САД.
Поранешниот министер за надворешни работи на Турција Јашар Јакиш изјави дека набавката на С-400 треба да се толкува како сигнал на Анкара упатен до земјите од НАТО. Меѓутоа, подоцна шефот на турската делегација во Парламентарното собрание на НАТО Ахмет Берат Чонкар изјави дека набавката на С-400 нема никаков политички поттекст.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче