Направен, но никогаш неупотребен: Рускиот тенк „Малечок“

Наука и технологија
ИГОР РОЗИН
На почетокот на шеесеттите години од минатиот век Советскиот Сојуз го направи еден од најмалите тенкови на светот со првите ракети на млазен погон.

Тенкот со ознака „Објект 775“ се појави во 1964 година, во времето кога многу армии во светот се обидуваа да ги направат првите тешки оклопни „монструми“ со ракетно оружје.

Русите тогаш го направија следниов експеримент: интегрира два противвоздушни ракетни системи „Рубин“ и „Астра“ во еден тенк. Така се појави „Објект 775“.

Облик

Новиот модел од „класичните“ тенкови се разликувал по тоа што двајцата членови на екипажот се наоѓале во изолирана кабина во куполата на тенкот и се движеле заедно со неа.

Благодарение на новата шема на наоѓањето на екипажот тенкот станал „поплоскаст“. Инженерите ја намалиле неговата висина на 170 сантиметри (отприлика за еден метар пониско од другите тенкови од тоа време), што според првобитната замисла треба да го направи поотпорен на бојното поле.

Но, ниската позиција на екипажот во голема мера ја намалила видливоста, така што секоја препрека станувала сериозна пречка.

Ракети за „Малечкиот“

Оружјето било најпрестижната компонента на новиот тенк. „Објект 775“ добил купола од лиен челик и на неа ракетен лансер со калибар од 125 милиметри со навој. Тој испукува како наведувачки, така ненаведувачки ракети.

„Наведувачките ракети имаа боеви глави со кумулативно полнење, биле насочувани на целта со помош на инфрацрвени знаци. Овие ракети ја гаѓале целта на оддалеченост од 4 километри од тенкот и пробивале челичен оклоп со дебелина од 250 милиметри, вели Виктор Литовкин, воен експерт на агенцијата ТАСС.

Според него, тенкот имал автоматизиран систем за полнење, а ракетите биле испукувани, односно лансирани од командната табла на командирот на екипажот.

„Ненаведувачките ракети добиваа фугасно-распрскувачки боеви глави, кои за време на погодувањето се разлетуваа на десетици метри наоколу. Тоа беше ефикасно оружје против непријателската жива сила“, истакнува експертот.

Таков проектил имал дострел од 9 километри, што може да се спореди со можностите на тогашните тенкови.

„Објект 775“ можел да носи 24 наведувачки и 49 ненаведувачки ракети, вкупно 72 проектили.

Но, ваквото на прв поглед напредно и убиствено оружје имало и многу сериозни недостатоци.

Мани

Главната слабост, поради која производството на „Објект 775“ не е продолжена, биле неговите инфрацрвени зраци.

„Секоја препрека, па дури и завеса од чад, целосно ги заслепува водечките ракети. Она што требаше да биде најголема предност на тенкот, всушност беше и негов најголем недостаток“, додава Литовкин.

Покрај тоа, ракетните системи се многу поскапи од вообичаените тенковски проектили, поради што оваа машина ќе чинела многу повеќе. Лошата видливост поради „спуштената“ кабина целосно ги анулираше сите предности на интегрирање на ракетните системи со тенкот.

Поради тоа воениот врв се откажа од развојот на овој проект и од неговото сериско производство. Денес на светот постои само еден тенк „Објект 775“. Тој се наоѓа во музеј во Подмосковје.