Караванот Lada Vesta SW Cross доби ниска оцена на краш-тестот

YouTube
На тестот за безбедност што го спроведоа експертите на магазинот „Авторевју“, кросоверот на АвтоВАЗ се покажа полошо од седан верзијата на тој модел.

При фронталниот судир со неподвижен објект автомобилот во целост ја изгуби структурната целосност, на праговите се појавија испакнатини и прекршувања, а просторот предвиден за нозете на возачот беше потполно уништен.

Lada Vesta SW Cross на ARCAP тестирањето е оценета со три ѕвезди, односно 11,7 поени. Според мислењето на стручњаците, ниската оцена ја причиниле преголемите тркала поради кои е зголемено оптоварувањето на долните делови на автомобилот и на праговите.  

ARCAP, инаку, е краш-тест што го спроведува магазинот „Авторевју“ во соработка со НАМИ.

Колку за споредба, седанот Lada Vesta на соодветниот тест доби 15,1, Volkswagen Polo 14,6, а Hyundai Solaris 16 поени. Караванот Lada Vesta SW Cross притоа помина подобро од поскапите верзии Kalina и Granta.

Прочитајте повеќе: Lada Vesta SW Cross: Триумф или фијаско?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња