Новооткриениот остров
РоскосмосНов руски остров настана пред три месеци во декември поради топењето на глечер на архипелагот Нова Земја, смета руската вселенска агенција „Роскосмос“.
Островот, каде што глечерот Вилкицки-Јужни еднаш го премостувал архипелагот, беше откриен на 31 јануари во Самара за време на младинска конференција. Снимките од рускиот Канопус-V и европските сателити со далечински сензори Landsat 7/8 и Sentinel-1/2 ја открија новата копнена маса која има само 0,2 км2. Документите за официјално признавање на новооткриениот остров беа испратени во Географското друштво на Русија за официјално одобрување.
Учениците дојдоа до некои вознемирувачки откритија за време на нивните истражувања, вклучувајќи ја и алармантната стапка со која се топат глечерите во областа а која очигледно се удвоила во периодот 2001-2015 година во споредба со 1959-2001 година.
Како одговор на тоа, Институтот за физика на Земјата и Сонцето на сибирскиот огранок на Руската академија на науките лансираше мрежа на сателити за проучување на јоносферата над Арктикот. Мрежата ќе може попрецизно да ги анализира променливите услови на планетата.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче