Фејсбук и други социјални мрежи соочени со нагло зголемување на протекување на кориснички податоци

Според InfoWatch, хакерите успешно ги нападнале најголемите сервиси за електронска пошта, вклучувајќи го и Gmail.

Според InfoWatch, хакерите успешно ги нападнале најголемите сервиси за електронска пошта, вклучувајќи го и Gmail.

Getty Images
Повеќе од две милијарди лични податоци беа хакирани на Фејсбук, ЛинкдИн, Твитер, МајСпејс, Снепчет и други социјални мрежи во 2016 година, соопштува „ИнфоВоч“ (InfoWatch).

Во 2016 година бројот на протекувања на податоци од водечките меѓународни технолошки компании се зголеми за повеќе од 30 отсто, објави провајдерот за сајбер-безбедност со седиште во Москва InfoWatch (ИнфоВоч).

Сергеј Хајрук, аналитичар во „ИнфоВоч“, изјави дека податоците се клучната вредност за големите технолошки компании, па ваквите протекувања претставуваат сериозна закана за нивниот бизнис.

„Во 2016 година податоците на милиони корисници на популарните ресурси како што се Фејсбук, Форсквер, ГитХаб, ајКлауд, ЛинкдИн, МајСпејс, Снепчет, Телеграм, Тамблр и Твитер протекоа“, изјави Хајрук. „Хакерите успешно ги нападнаа најголемите сервиси за електронска пошта - Gmail, Hotmail, Yahoo, Mail.ru и тие, исто така, зедоа кориснички податоци на телекомуникациските компании, меѓу кои и Дојче Телеком, Three UK, Verizon и други оператори“.

Сепак, има добри вести. Очигледно, хакерите само земаат лични податоци: бројот на протекувањата поврзани со информации за плаќање, комерцијални тајни и ноу-хау опадна во 2016 година, соопштува ИнфоВоч.

Хајрук вели дека со поголеми количини на генерирани, обработени и зачувани информации, ризиците од надворешни напади исто така се зголемуваат. Во исто време, вработените во технолошките компании исто така ги прекршуваат правилата и прописите, понекогаш станувајќи извор на протекување на податоци.

„На ИТ компаниите не само што им треба ефикасна заштита од хакери, туку и модерни мултифункционални системи за да спречат протекување на информациите од компанијата“, смета експертот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња