Русија ќе им плати на хакери за да ја тестира својата сајбер безбедност

AFP
Руската држава има намера од април годинава да повика компании и физичка лица да се вклучат во истражување на слабите места на ИТ системот, пишува порталот „Ведомости“, повикувајќи се на планот мерки за информациона безбедност кој во рамките на Програмата за дигитална економија владата на РФ го усвои при крајот на минатата година.

Обезбеден е и буџет, па така до крајот на 2020 година за парични награди за откриени слабости ќе бидат издвоени  500 милиони рубли од државниот буџет и 300 милиони од вонбуџетски средства.

Ќе се тестираат како руските државни ИТ системи, така и ИТ производите на носителите на трговски марки, руски и странски. Предложени се два модела на тестирање. Според првиот, јавниот нарачател ќе понуди свој систем на тестирање и ќе може да му обезбеди пристап. А според вториот тестирањето ќе се врши без известување на креаторот на системот, на пример, кога се работи за пазарни ИТ-платформи, оперативни системи, системи за управување со бази на податоци. Кога се работи за средствата наменети за овие два модела тие ќе бидат распоредени во однос 75:25.

Со тестирањето ќе се занимаваат и физички лица, и компании. Дел од тестовите ќе биде достапен само за компании бидејќи тие тестови можат да бараат пристап до инфраструктурата на системот. Останатите, особено тестирањето на системите, широко достапни за корисниците, ќе бидат отворени за сите.

Добиените информации ќе можат да бидат објавени јавно или скриени од сите, со исклучок на креаторите на системите.

Прочитајте и за 4 познати руски хакери.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња