Кои се главните карактеристики на патничкиот авион Ан-148 кој се урна во Подмосковјето?

АН-148

АН-148

AP
Авионот Ан-148, кој на 11 февруари се урна во Подмосковјето, важеше за сигурен воздухоплов. Во несреќата на Ан-148 загинаа 71 лице. Причините за несреќата засега се непознати, а иследниците не го исклучија факторот неисправност на воздухопловот.

Ан-148 припаѓа на семејството двомоторни млазни авиони наменети за патнички, патничко-товарен и товарен сообраќај на регионални и кратки линии. Руски и украински компании се занимаваа со развој на овој модел од средината на деведесеттите години на минатиот век.

Новиот авион претставуваше постепен и усогласен премин од советските модели за кратки летови кои ги користеа домашните компании.

Меѓутоа, Ан-148 не успеа да им стане сериозна конкуренција на авионите на „Боинг“ и „Ербас“ во странство, па така европските и блискоисточните авиопревозници се откажаа од Ан-148. Руските компании, меѓутоа, купија 35 вакви летала, пред сѐ поради можноста за слетување речиси без ограничување, вклучувајќи ги и аеродромите со земјени и неприлагодени писти.

Авионите Ан-148 во овој момент се користат во домашниот авиосообраќај во Русија, ги користат одделенијата на Министерството за одбрана и на Министерството за вонредни состојби, како и помали компании. Тоа е едноставен авион чиј домет со полн резервоар е 4000 километри, рече за Russia Beyond поранешниот капетан на „Боинг“ 777 Алексеј Гавриленко.

Тој истакна дека Ан-148 добил крила на умерена стрела и Т-конфигурација на опашката и дека се работи за типичен евтин авион за 80 патници, наменет за кратки летови.

Претходни инциденти и судбината на авионот по несреќата

Според зборовите на Алексеј Гавриленко тешко да ќе се откаже производството на овие авиони, затоа што е во прашање нов модел, а причината за несреќата допрва треба да се утврди. Меѓутоа, како што напомена тој, овој авион доживеал пред неколку години несреќа на тестирањето.

Се работи за несреќа до која дошло кога производителот им демонстрирал на странските купувачи показен лет кон средината на 2011 година, а Ан-148, кога постигнал критична брзина, буквално се распаднал во воздухот, напомена експертот.  

Според него, доколку се покаже дека неодамнешната несреќа е причинета од техничка неисправност, сите модели Ан-148 ќе бидат испратени на експертиза, меѓутоа, по извесно време, уверен е тој, повторно ќе полетаат.

Технички карактеристики: 

Екипаж: две лица

Капацитет: 80 патници

Должина: 29 метри

Висина: 8 метри

Распон на крилата: 29 метри

Максимална полетна маса: 43700 кг

Брзина на движење: 870 км/ч.

Прочитајте повеќе: Трагедија во Русија: Што се знае досега за падот на патничкиот авион Ан-148

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња