„Догодина почнуваме со сериско производство на нашиот магстрален авион МС-21-300, отвораме комплетна линија за производство на овие авиони. Тоа е авион кој, според своите технички карактеристики, колку и да звучи чудно, е подобар од најновите авиони на „Боинг“ и „Ербас“, нагласи Рогозин.
Потпретседателот на руската влада додаде дека идната година ќе започне тестирањето на авионот за летови на кратки дестинации Ил-114-300.
Тој исто така рече дека во фабриката „Ѕвезда“ се градат бродови и поморски платформи за добивање енергенси и работа во арктичката зона. Меѓутоа, како што посочи тој, кривичните постапки почнати по неуспешните лансирања на вселенските летала довеле до откривање на технолошки неправилности во сферата на вселенската индустрија.
„Истражните органи детално се занимаваа со причините за серијата вселенски инциденти. Особено, во работата на Воронешкиот механички завод истрагата успеа да дојде до вистината, што во голема мера ја доведува во прашање работата на комисијата, на чија активност имавме приговори“, нагласи Рогозин.
„Не е работата, дури ни во тоа да се казнат виновниците, туку дека истражните органи дојдоа до такви нешта кои ни овозможија да увидиме сериозни и груби отстапувања од технологијата на создавање на вселенски апарати и да ги донесеме потребните ригорозни одлуки“, заклучи Рогозин.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче