И додека необичниот редизајн на Алексеј Бели наиде на позитивни реакции на некои корисници на социјалните мрежи, кај многу сограѓани тој предизвика зачуденост. Меѓутоа, сопственикот на „Волгата“ цврсто верува дека неговиот автомобил е бесмртен и дека засекогаш ќе остане во сеќавањето на земјаците.
„Се работи за „Газ-24“ произведен 1981 година. Го пронајдов во Тула минатата година. Автомобилот не дека беше гнил, туку потполно кородирал. Каросеријата – целата изгребана и `рѓосана. Сфатив дека нема да биде ништо од класична реконструкција и решив да направам нешто страшно и воинствено“, рече Бели.
За редизајнот на „Волгата“ му биле потребни околу месец дена по што со колата се возел низ градот, кога и го забележале корисниците на социјалните мрежи.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче