Самоодечкиот противтенковски систем 9К123-1 „Хризантема-С“ оваа година ќе биде испорачан на артилериските единици на Источниот воен округ (ИВК) кој се наоѓа во Буратија. Оваа информација во понеделникот ја пренесе информативната служба која се наоѓа во рамките на овој воен округ, пренесува агенцијата ТАСС.
„Во 2018 година за артилериските единиците во рамките на Источниот воен округ кои се наоѓаат на територијата на Република Буратија, планирана е испорака на група самоодни противтенковски ракетни системи „Хризантема-С“, наведува информативната служба на ИВК.
Претходно генералниот конструктор на АО НПК „Конструкторское бјуро машиностроенија“ (КБМ), Валериј Кашин истакна дека самоодечкиот противтенковски ракетен комплекс „Хризантема-С“ ќе биде модернизиран, и дека проектот за негова модернизација е веќе практично готов. Информативната служба на компанијата КБМ исто така истакна дека е завршен сегментот на државни тестирања на модернизираниот систем „Хризантема-С“ на која е интегриран двоканален електрооптички нишански систем 1К118Т од белоруско производство.
Тестирањата докажаа дека новиот нишан (го произведува исклучително ценетата компанија ОАО „Пеленг“) покажал висок степен на сигурност и на прецизност во однос на нишанот кој претходно се наоѓаше на ова оружје. Тој, за разлика од својот претходник, поседува два канала – термовизиски и телевизиски. До тој момент самоодните противтенковски ракетни системи „Хризантема-С“ го користеше едноканалниот електрооптички нишански систем од украинско производство.
„Благодарение на присуството на дополнителниот ласерски систем за насочување на противтенковските ракети, оператерот сега може со две ракети да нападне две различни цели, користејќи различни канали за нивно насочување“, истакнуваат од информативната служба на ИВК.
Самоодниот противтенковски ракетен систем „Хризантема-С“ е пред сè наменет за борба против современите, но и против перспективните основни борбени тенкови кои се максимално заштитени со повеќеслоен оклоп или со динамичка заштита. Покрај оклопните цели, системот ефикасно може да се бори против утврдена жива сила на непријателот, нисколетачки воздушни цели, па и објекти на вода. Благодарение на современиот двоканален систем за насочување (ласерско и радарско), еден систем може истовремено да нападне две различни цели. Насочувањето по верификацијата од страна на оператерот, се одвива во автоматски режим на работа. Притоа не се важни временските услови, ниту времето од денот.
Екипажот е составен од двајца војници кои се наоѓаат во оклопен гасеничар со висока проодност 9П157-1. Покрај нив, тука се и хиперсоничните и борбено мошне способните противтенковски насочувачки ракети 9М123 и 9М123Ф (ракета наменета за утврдени огнени точки на непријателот). Калибарот на боевата глава изнесува 15 милиметри, а нејзиниот максимален дострел е 6.000 метри. Постои простор дострелот на овие ракети да се зголеми на 8 км+. Противтенковската ракета 9М123 е опремена со кумулативна боева глава која може без проблем од 6.000 метри далечина да пробие еден метар тенковски оклоп кој е заштитен со динамички плочи (хомогена панцирна плоча со дебелина од 1.250 милиметри, заштитена со елементи на динамичка заштита). Со вакви карактеристики на пробивна моќ, тешко дека постои современ тенк кој може да се одбрани од нејзиниот директен погодок.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче