Припадници на ВДВ во текот на Парадата на Победата во Москва, 2017.
Free Wind 2014/Shutterstock„Во 2018 година регрутните пунктови кои се наоѓаат во рамките на Западниот воен округ планираат да примат околу 22000 војници по договор. Од овој број најмалку 5000 војници ќе бидат примени веднаш по завршувањето на редовниот воен рок“, истакнува полковникот Игор Мугинов, а пренесува порталот на РИА Новости.
Главен приоритет на командата на Западниот воен округ е бројно зајакнување на копнените единици распоредени во Московската, Воронешката, Белогородкста и Курската област, како и копнените елементи на Балтичката флота (морнаричката пешадија). Значи, најголем број од ова дополнување ќе замине во мотострелачките, оклопно-механизираните и специјалните борбени состави.
„Покрај 5000 војници кои сега се наоѓаат на отслужување во редовниот воен рок, планираме да повикаме уште 15000 луѓе да ни се придружат како професионални војници“, изјави полковникот.
Мугинов изјави дека за време на изборот на кандидатите особено внимание ќе им се посвети на оние регрути кои имаат потенцијал за извршување на подофицерски должности кои се исклучително важни на планот на внатрешната организација и на цврстината на војската. Освен тоа, тие мораат да поседуваат високи морални и волеви квалитети, соодветно ниво на физичка кондиција и генерално позитивна оцена за време на траењето на нивниот редовен воен рок.
Целиот конкурс за прием на кандидати за професионална воена служба ќе биде зајакнат со масовни пропагандно-информативни акции. Првата организирана акција од ваков тип е планирано да се одржи на 23 февруари во Санкт Петербург. На Дворцовиот плоштад ќе се направи џиновски регрутен пункт кој ќе биде проследен со патриотски музички содржини, а каде ќе се врши попис и прием на кандидатите од цивилното население. Следната година е предвидено да се одржат речиси 300 слични манифестации со цел создавање огромна база на кандидати со која ќе се добие највисок можен квалитет за професионална воена служба.
Западниот округ е убедливо најсилен кога станува збор за вкупната бројност на руските вооружени сили. Во неговиот состав се наоѓаат 2500 организирани борбени состави со различна формација јачина, со вкупно 400000 војници и офицери.
Прочитајте повеќе: САД: Русија во својата армија модернизираше сѐ!
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче