Русија продолжува да работи на проектот на ракетата за повеќекратна употреба „Корона”

LightLinAl/wikimedia.org
Државниот ракетен центар „Макеев” во градот Мијас во Челјабинската област ја продолжи работата на едностепената ракета-носач за повеќекратна употреба „Корона”.

Работата над напредното вселенско летало со вертикално полетување и слетување беше стопирана во 2012 година. Сега е изработен нов план за реализација на проектот, а исто така се анализирани и условите за производство и можностите за користење на ракетата. „Нашиот проект на ракетата-носач „Корона“, за разлика од американската ракета-носач „Фалкон“, ги нема карактеристичните степени кои се одвојуваат и практично претставува вселенски брод со меко полетување и слетување, што отвора пат кон реализација на далечни меѓупланетарни летови со екипаж“, изјави генералниот конструктор на центарот Владимир Дегтјар.

Се претпоставува дека основен конструкциски материјал за „Корона” ќе биде карбонот (полимер зајакнат со јаглеродни влакна). Ракетата е наменета за поставување на вселенски апарати во ниските орбити околу Земјата на висина од 200 до 500 километри. Стартната маса на леталото ќе биде околу 300 тони. Масата на полезниот товар ќе биде од 7 до 12 тони.

Полетувањето и слетувањето ќе се реализираат со примена на упростени стартни конструкции.

Освен тоа, планирано е „Корона” да се користи за лансирање од платформи на вода, затоа што не ѝ е потребна посебна писта за слетување и може да ја користи истата писта за полетување и слетување.

Погледнете од каде полетуваат руските ракети во вселената.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе