37.650 метри над земјата и други занимливости од животот на авионот-змеј МиГ-25

МиГ-25РБС (Foxbat)

МиГ-25РБС (Foxbat)

Дмитриј А. Моттл / Википедија
МиГ-25 првпат полета во 1964 година и долго време ја диктираше модата во ловечката авијација. Ви ги претставуваме најинтересните факти за ловецот-пресретнувач кој го принудуваше американскиот Конгрес на вонредни заседанија, но кој никогаш не се судри со своите главни ривали.

Битка со валкири

МиГ-25 (Foxbat според класификацијата на НАТО) требаше да биде одговор на хипотетичката опасност од страна на американскиот суперсоничен бомбардер В-68 и неговите модернизирани наследници кои беа во состојба да ја пробијат ПВО и да нанесат нуклеарни удари. Ловците-пресретнувачи кои СССР ги имаше не беа многу ефикасни за да им парираат на своите брзински и висински карактеристики. 

Згора на тоа не можеа да направат ништо во небесните височини ниту со суперсоничниот набљудувачки авион Lockheed SR-71 кој има брзина на крстосување М=2.8. А, стратешкиот бомбардер XB-70 Valkyrie не им даваше никакви шанси на авионите МиГ-21 и Су-15 кои тогаш беа во вооружувањето. На проектантите на авионот МиГ-25 им тргна од рака да „полетаат“ авион со брзина од 3.000 километри на час и да го кренат на височина од 23.000 метри, што според карактеристиките беше споредливо со Валкири. Секако, до спротивставување на овие два авиона не дојде, зашто не започна сериско производство на ХВ-70. 

Суперпресретнувач

Авионската радиоелектронска апаратура за првпат овозможи еден пресретнувач да се упати кон целта во полуавтоматски режим што, со оглед на очекуваната брзина на приближување беше едноставно неопходно: обичните човечки рефлекси едноставно не стасуваа да одреагираат. Конструкцијата на авионот-змеј МиГ25 претходно беше видена во светската ловечка авијација. Авионот е опремен со рамни странични вшмукувачи на воздух со хоризонтален клин, има два вертикални стабилизатори на опашката и тенко трапезно крило со мала свивливост. Двата мотори се распоредени покрај делот кај опашката на трупот на авионот. Ваквата геометрија овозможи залет на машината до рекордни за тоа време брзини и постигнување прифатливи маневарски способности за летало од ваква класа.

Топлотна бариера

Со оглед на тоа дека со брзината која надминува 2.5 Ма доаѓа до големо загревање на конструкцијата на авионот до температура од 300-400 степени Целзиусови, беше невозможно да се користат традиционалните материјали за изработка на корпусот на авионот. Една од варијантите беше титаниум, на кој запреа Американците. Сепак, руските проектанти се решија за челик кој на крајот изнесуваше 80% од вкупната маса на конструкцијата. Останатото оди на легури на титаниум и на алуминиумски легури кои се отпори на топлина. 

МиГ-25РБС (Foxbat)

Главоболка за американските конгресмени 

Развивањето на пресретнувачот и неговите тестирања се одвиваа во строго доверливи услови. На светот за првпат му беше претставен на 9 јули 1967 година на аеропарадата во Домодедово во чест на Денот на военото воздухопловство. Четири пресретнувачи ја надлетаа трибината. Спикерот соопшти дека оваа нова машина може да развие брзина до 3.000 километри на час. 

Тоа беше голема новост за Западот, и тоа мошне непријатна. Во врска со тоа беше одржано вонредно заседание на Конгресот на САД, што придонесе да се забрзаат работите на конструирање на ловец-пресретнувач од новата класа F-14 и F-15. Обата имаат шема како и МиГ-25 со два вертикални стабилизатори, но малку заостануваат и по брзината и по висината на летот. 

Предавство како стимуланс 

Во септември 1976 година Виктор Беленко со авионот МиГ-25П од далекоисточниот воен аеродром пребега во Јапонија и слета на островот Хокаидо каде побара политички азил. Авионот беше расклопен на делови и проучен од страна на американските стручњаци. По еден и пол месец на барање на советското Министерство за надворешни работи беше вратен во делови.

Предавството на советскиот офицер му нанесе сериозна штета на СССР. Истовремено постои и позитивна страна: предавството придонесе до подобрување на борбената готовност на пресретнувачот. Откако потенцијалниот противник ги дозна тајните во врска со работата на електрониката, на произведените авиони беше заменета целата електронска опрема. Ловецот доби посовршени средства за забележување и следење цели и беше наречен МиГ-25ПД. 

Над сите 

Со авионот МиГ-25 се поставени 29 светски рекорди. Меѓу нив е и еден оригинален рекорд кој до денешен ден не е соборен, а се однесува на висината на летот на авион со реактивни мотори. Пробниот пилот Александар Федотов на 21 август 1977 година се издигна 37.650 метри над земјата!

Прочитајте исто така за Десетте најдобри недофатливи „МиГ-ови

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња