„Групата ГАЗ“ доби европска дозвола за продажба на превозното средство од марката „Газела-Next“. Фабриката за автомобили отсега ќе може официјално да го извезува овој модел во земјите на Европската унија, јавуваат руските медиуми.
За да го добие овој сертификат „Газела-Next“, мораше да се тестира возилото повеќе од една година. Потврдено е дека моделот ги исполнува сите 43 барања кои се однесуваат на безбедноста, а исто така, добиени се 113 меѓународни сертификати, од кои 74 за одделни делови.
Во овој момент фабриката за автомобили бара дилери преку кои ќе ја организира продажната мрежа на „Газела-Next“ на европскиот пазар.
Возилата „Газела-Next“ се произведуваат од почетокот на април 2013 година. Моделот може да има различни видови каросерија, вклучувајќи ја и верзијата со приколка, фургон и минибус.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче