Зошто Русија се откажа од возовите вооружени со нуклеарни ракети?

Наука и технологија
ИГОР РОЗИН
Министерството за одбрана на Русија реши да ја запре програмата за мобилни интерконтинентални балистички ракети на возови во периодот од 2018 до 2025 година и да ги потроши трие средства за создавање на најголемата нуклеарна ракета.

Економската криза остави трага на програмата за вооружување на војската. Државата за таа цел во следниве 10 години ќе потроши само 320 милијарди американски долари наместо претходнопланираните 830. 

Затоа многу перспективни проекти ќе бидат избришани од списокот а еден од нив е ракетниот свистен на железничка пруга наречен „Баргузин“. 

Како што ијазвува извор од воено-индустрискиот комплекс за Russia Beyond-Македонија, ова сепак ќе биде привремена мерка. И кога Русија ќе ја заврши работата на ракетите како што се Сармат, Воевода и Јарс, владата повторно ќе се врати на прашањето за развој на возови-носачи на ракети.

Што е тоа „Баргузин“? 

Развојот на нуклеарниот систем на шини „Баргузин“ започна во 2013 година со указ на претседателот Владимир Путин. Беше планирано секој комплекс да содржи седум насочувачки ракети Јарс. Јарс е тешка 50 тони, долга е 22.5 метри, и може лесно да ја собере во вагон со должина од 24 метри кој може да носи товар од 60 тони. 

Секој воз би претставувал еден полк. Руските власти вкупно планираа пет воза кои би сочинувале една ракетна дивизија. 

Возовите постојано би крстосувале по железницата на Русија маскирани како возови за цивилна намена и би биле невидлив за радарите на други држави. 

Од 1984 до 2007 година на борбено дежурство беше еден сличен систем. Три дивизии (во секоја по четири полка, во секој полк 12 возови вооружени со стратешки ракети „Молодец“). Но, без оглед на сета мобилност, овој систем имаше слаби страни.

Таткото на „Баргузин“

Стариот воз, на пример, носеше оружје кое беше претешко за него, ракети од околу 110 тони. Возот го влечеа три локомотиви. И кога ќе минеше неколку илјади километри, Министерството за транспорт мораше да издвојува пари за поправка на шините по кои се движеше. 

Освен тоа, покрај фактот дека никакви копнени сили на странските држави не би можеле на прв поглед да кажат дека не станува збор за обичен цивилен воз, кон крајот на деведесеттите години од минатиот век тоа можеше лесно да се воочи на сателитските снимки. 

Потребни беа години за да се направат полесни верзии на интерконтиненталните балистички ракети кои би одговарале на потребите на „нуклеарниот воз“, па и нови материјали од кои би бил направен тој непровиден воз.

Сепак, оружјето со кое ќе биде вооружен „Баргузин“ ќе се појави дури откако ќе се заврши работата на ракетата „Сармат“.