Путин во Хмејмим најави крај на руската воена операција во Сирија и прогласи победа над терористите

Friedemann Kohler/Global Look Press
Шефот на руската држава изјави дека руската и сириската војска успеале да ја уништат на воен план најспособната организација на меѓународните терористи.

Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин, кој во понеделникот ја посети руската воена база во Хмејмим, му наложи на Министерството за одбрана на РФ да почне со повлекување на руската војска од Сирија.

Обраќајќи им се на војниците, Путин им нареди на министерот за одбрана и на началникот на генералштабот да почнат со повлекување на руските воени единици во местата на нивното постојано базирање. Путин нагласи дека Вооружените сили на Русија заедно со сириската армија ја уништиле на воен план најспособната групација меѓународни терористи во Сирија.

„За малку повеќе од две години Вооружените сили на Русија заедно со сириската армија ја уништија најспособната на воен план групација на меѓународни терористи. По тој повод донесувам одлука поголемиот дел од рускиот воен контингент кој се наоѓа во Сириската Арапска Република да се врати дома, во Русија“, изјави врховниот командант на Вооружените сили на РФ.

Путин исто така вети дека Русија повторно и уште посилно ќе удри по тероризмот, доколку тој ја покаже главата.

„Со победа се враќате во родните краишта, на своите родители, жените, децата, пријателите. Татковината ве чека, пријатели. Среќен пат! Ви благодарам за вашата служба“, им се обрати Путин на руските војници во Латакија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња