Медиуми: Во Русија создадена „невидлива паста“ за војската

Новата паста за камуфлирање „Туман-Р“ ги прави руските војници речиси невидливи за противникот.

Руските специјални сили ги добија првите комплети со маскирна паста што ги прави речиси невидливи за термички нишани и камери. Ова го соопштува весникот „Известија“.

Уникатната „Туман-Р“ не само што го апсорбира инфрацрвеното зрачење, туку има и лековити својства - го забрзува заздравувањето на раните, пишува весникот. Според експертите, во споредба со странските аналози пастата од домашно производство не е токсична и не ја иритира кожата.

„Производителот тврди дека при нанесување на кожата „Туман-Р“ апсорбира до 95% од инфрацрвеното зрачење што го произведува човечкото тело, задржувајќи ги своите својства и до две недели во применета форма“, пишува „Известија“.

Оваа уникатна паста лесно се мие – доволно е да се искористи влажна ткаенина. Официјалниот претставник на НПО „Градежни материјали“ (НПО Строительных материалов) Јуриј Кленов изјави дека во текот на неколку испитувања се покажало дека маста не предизвикува алергии и ги одбива комарците.

„Туман-P“ е комплет од три пасти во црна, кафеава и зелена боја. За маскирање е потребно да се стави на изложените делови на телото.

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња