Руските маринци често изведуваат операции и на земјата и на море, нивната воена обука ги надминува способностите на војниците на регуларната армија. За да бидат во состојба да ги извршат сите тие задачи тие мораат да бидат во одлична физичка кондиција. Еден маринец не смее да биде понизок од 175 сантиметри, и потежок од 80 килограми. Регрутите кои активно се занимавале со спорт секогаш имаат предност. За кревките нема место во морнаричката пешадија.
За да се приклучите на морнаричката пешадија мора да бидете во состојба брзо да носите одлуки. Во опасни борбени услови важна е секоја секунда. Маринците лесно се приспособуваат на новите услови и никогаш не се откажуваат. „Онаму кадешто сме ние, таму е победата!“, вака гласи мотото на морнаричката пешадија.
Најважна задача на морнаричката пешадија е излегувањето на копно. Затоа маринците толку неуморно вежбаат вакви маневри. Северниот леден океан или топлото Црно море? Црните беретки никогаш не следат каде е живата во термометарот.
Излегувањето на брег не е лесна задача. Морнаричките пешадинци се првите кои ќе се најдат на нишанот на непријателот, првите кои ќе ги совладаат рововите, насипите, бодликавите жици, ќе им го ослободат патот на единиците што одат зад нив. Храброст пред се!
За лошите пливачи нема место во морнаричката пешадија. Маринецот е должен како фока да проплива 50 метри под мраз со цела воена опрема. Маринците со месеци пловат околу светот. Морска болест?! Што е тоа?
Главната боја на руските маринци е црната: беретка, јакна, панталони, чизми. Сепак симбол на дивизијата е таканаречената тељњашка - сино-бела поткошула во риги (без ракави или со долги ракави). Германците во Втората светска војна ги нарекувале советските морнарички пешадинци „црна смрт“...
И покрај тоа што руските маринци се секогаш „на готовс“ и подготвени се самите да дејствуваат, најважен е пред се тимскиот дух.
Никој не се родил како морнарички пешадинец. Ова звање мора да се заслужи. Борба гради в гради, челични нерви, отсуство на страв. Маринецот мора да биде во состојба да пука како професионалец и стручно да управува со кое било возило.
Можеби е тешко да се поверува дека руските маринци умеат и да летаат! Понекогаш го менуваат морето за небо. Во 2016 година маринците на Црноморската и на Касписката флота извеле над 22.000 скокови со падобран - ноќе и дење!
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче