Видео: Морнаричката пешадија на Русија – „црната смрт“

Јуриј Смитјук/TASS
Морнаричката пешадија на Русија денес, 27 ноември, го слави својот професионален празник. Свечености се организираат во бригадите на Тихоокеанската, Северната, Балтичката и Црноморската флота, како и во двата баталјона на Касписката флотила и посебните единици.

Денот на морнаричката пешадија е официјално утврден 1995 година, но историјата на овој род војска почнува уште во втората половина на XVII век. Токму тогаш во составот на воената морнарица на Иван Грозни е формирана посебна пешадиска единица. На 27 ноември 1705 година (16 ноември по стар календар) императорот Петар Први издава наредба за формирање на морски полк. „Морските  војници“ се заслужни за победите против шведската војска кај Гангут и турската војска кај Чешма, опсадите на Исмаил и Крф, одбраните на Порт Артур и Севестопол.

Германските окупатори во Втората свеска војна беа преплашени од начинот на кој војуваат руските морнарички пешадинци. Германците ја нарекуваа руската морнаричка пешадија „црна смрт“ поради црните капути и неверојатната храброст. Дури и кога целата Црвена армија ги менува капутите, морнаричката пешадија ги задржува своите пругасти поткошули и морнарските капи. Во борба одат со раскопчани гради, држејќи ги во заби црните ленти од своите капи.

73 дена и ноќи морнаричката пешадија заедно со останатите воени единици ја брани Одеса од непријателските дивизии. Во ноември 1941 година кај Севастопол петмина морнарички пешадинци ги запира Германците фрлајќи се со гранати под нивните тенкови.

Погледнете го краткиот видео-прилог на Министерството за одбрана на Русија објавен по повод Денот на морнаричката пешадија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња