Руска компанија првпат на снег тестира возила без возач

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Најголемата руска технолошка компанија „Јандекс” се надева дека во иднина на улица ќе извади цела флота такси-возила без возач.

Возилата без возач во ноември 2017 година првпат во историјата тргнаа по снежните патишта во Московската област. „Јандекс”, најголемата руска технолошка компанија, го спроведува ова тестирање затоа што сака да ја провери ефикасноста на своите возила со автопилот во зимскиот период, кога снегот може да ги покрие знаците на патиштата и да им ја отежни навигацијата на камерите во возилото.

„Јандекс” во тестирањето користи две возила Toyota Prius, а вработените наведуваат дека испитувањето е сѐ уште во рана фаза. Потребни се дополнителни тестови. Компанијата се надева дека во иднина ќе извади на улиците цела флота такси-возила без возач.

„Треба да се избориме со различните предизвици, ако сакаме нашите автоматски возила да станат масовен производ. Во моментов работиме на тоа“; соопшти руската компанија за TJournal.