Исклучително високо загадување на воздухот со радиоактивен изотоп рутениум 106 е забележено кон крајот на септември на Јужен Урал, високо загадување во Татарстан, Поволжје и Ростов на Дон, пишува на сајтот на „Росгидромет“.
Содржината на рутениум во воздух во населбата Аргајаш ја пречекорила нормата од претходниот месец 986 пати, а во соседната населба Новогорное 440 пати. Од „Росгидромет“ исто така предупредуваат дека загадениот воздух веќе можел да дојде до Европа.
Споменатите населби Аргајаш и Новогорное се наоѓаат во близина на производственото здружение „Мајак“ на корпорацијата „Росатом“. Можното загадување на атмосферата поради изотопот рутениум 106 не е поврзано со работата на претпријатието на државната корпорација „Росатом“, изјавија од прес-службата на „Мајак“.
Претпријатието веќе со години не работи на издвојување на рутениум 106 од употребено нуклеарно гориво, се наведува исто така во соопштението, како и тоа дека рутениум е забележан во воздухот кон крајот на септември во Словачка и Романија.
Главниот онколог на Челјабинската област Андреј Важенин преку медиумите им препорача на сите луѓе во регионот кои се плашат од радијација на мира да „гледаат фудбал и пијат пиво“, дека радијација во регионот нема и дека споменатите показатели се 100 до 10000 пати помалку од опасните по здравјето концентрации на рутениум во воздухот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче