Во Русија ќе биде презентиран проект на автомобил со кој ќе може да се управува со помош на мислите

Државен универзитет „Лобачевски” (Нижни Новгород)
Во декември оваа година државниот универзитет „Лобачевски“ планира да презентира целосна макета на првиот автомобил во Русија со неврокомпјутерски интерфејс, кој овозможува возилото да биде управувано со помош на мислите.

Електричниот автомобил е наменет првенствено за луѓе со инвалидитет. Цената на возилото во сериско производство се проценува на 550-990 илјади рубли (од 8000 до 14000 евра).

Институтот во моментов работи на систем кој ќе овозможи размена на информации помеѓу човечкиот мозок и механизмите на автомобилот. Посебни алгоритми ќе ги детектираат мозочните импулси од различни модалитети и ќе ги преведуваат во сигнали кои се разбирливи за автомобилот.

Возилото ќе има електричен мотор од 20 коњски сили со капацитет на акумулаторот за 200 до 600 километри. Според замислата на конструкторите, се планира да биде развиена цела низа на модели на невро-автомобили како алтернативни транспортни средства.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња