Во иднина аеробатската група „Руски витези“ќе започне со користење на Су-35, изјави командантот на Воздушно-космичките сили на Русија генерал-полковник Виктор Бондарев.
„Со текот на времето групата ќе прави акробации и на Су-35 . Сега пилотите се обучуваат на овие авиони, но само за програмата за усвојување на техниката на пилотирање. Мислам дека со текот на времето ќе биде прекрасно да се лета и на овој авион“, изјави тој.
Командантот на ВКС на Русија истакна дека во овој момент групата се учи на Су-30СМ, кој од 2016 година ги заменува старите авиони Су-27П и Су-27УБ.
„Тоа е огромен товар и, се разбира, ние мораме да бидеме сигурни дека техниката никогаш и никаде нема да откаже. Таа се покажа од убавата страна“, изјави Бондарев, пренесува „Лента.ру“.
Во март 2017 година заменикот на Бондарев, генерал-мајор Андреј Јудин изјави дека Су-30CM биле избрани за „Руските витези“ наместо Су-35 поради комфорот за пилотирање со авионот со две седишта. „Тој е поудобен, тоа е голем комфор за пилотите. Тие многу често летаат. Во текот на таквите летови еден може да пилотира, другиот – да ја извршува улогата на навигатор“, изјави тој.
Аеробатската група „Руски витези“ е формирана во април 1991 година и е базирана на аеродромот Кубинка во западниот дел на Московската област.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче