Видео: „Калашников“ го покажа својот автомат со мазна цевка

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Концернот „Калашников“ има официјална видео презентација на својот најнов карабин ТГ2. Тоа е првиот примерок на оружје со калибар .366 ТКМ кое го изработи ова претпријатие.

На прв поглед карабинот по ништо не се разликува од автоматот АК-103, но може да се купи со обична дозвола за оружје со мазна цевка. ТГ2 има кундак кој ја менува положбата при склопување на пушката, шина за различни додатоци и нишани.

На растојание до 100 метри балистиката на зрното е слична како кај оружјето со жлебено водиште на зрното. За ТГ2 е направен специјален магацин со капацитет од 10 куршуми.

Ловечкиот куршум .366 ТКМ (9,5х38) е првиот произведен во Русија по распадот на СССР.