Објавена ранг-листа на најдобрите руски „куќи на тркала”

Наука и технологија
РИНА БИКОВА
Порталот CarsWeek состави ранг-листа на петте најдобри руски возила во кои може сосем удобно да се живее.

На првото место е камперот врз база на камион КАМАЗ-43118. Цената на ова превозно средство надминува 8 милиони рубли (околу 118 илјади евра). Освен можноста да се движи по секое беспаќе, овој КАМАЗ има и вистинска сауна.

Експертите му го наменија второто место исто така на возилото на КАМАЗ во варијантата 4326. Оваа „куќа на тркала” има одвоени спална соба, кујна и тоалет.

На третото место е ЗИЛ-4334. Главната намена на ова возило се експедиции во далечните краишта и, се разбира, тоа поседува сѐ што е неопходно за долго патување.

Четвртата позиција ја дела две возила на производителот ГАЗ: едното врз база на комбито „ГАЗел Next” и второто врз база на „Собољ 4x4”. Цената на „Собољ” надминува 4 милиони рубли (околу 60 илјади евра).

Петтото место го зазема теренецот УАЗ „Патриот” со кампинг-модул, чија цена е само 300 илјади рубли (околу 4400 евра). Тој исто така има кревет, еколошки тоалет, туш и маса.