Во Русија проектиран ховеркрафт од нова генерација

Ховеркрафтот од новата генерација е изработен на основа на советскиот модел „Зубр”.

Централното поморско конструкциско биро „Алмаз” изработи проект на ховеркрафт од нова генерација врз основа на моделот „Зубр”, соопшти во вторникот началникот на одделението за маркетинг и научнотехнички информации на „Алмаз“ Дмитриј Циганков.  

„Подготвивме почетен проект на ховеркрафт од нова генерација врз основа на „Зубр“. Додека „Зубр“ е советски проект, овде станува збор за суштински нов проект. Главниот енергетски погон ќе биде од руско производство, предвиден е и нов систем на вооружување. Генералниот изглед на проектот ќе биде посовремен“, изјави Циганков, пренесува РИА „Новости”.

Тој истакна дека во случај Министерството за одбрана на РФ покаже интерес, конструкциското биро ќе биде подготвено да го понуди проектот за реализација.

Малиот десантен ховеркрафт од проектот 12322 „Зубр” е  најголемиот ховеркрафт на светот. „Зубр” може да превезува три тенка со тежина од 150 тони или 10 оклопни транспортери и 140 припадници на десантните сили.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња