Сухој Су-30СМ.
Марина Лисцева/ТАССВо текот на воените вежби на Црноморската флота на Русија во понеделникот авион-ловец Су-30СМ собори ракета на условен противник, соопшти началникот на информативниот оддел капитен прва класа Вјачеслав Трухачов, пренесува ТВ „Ѕвезда“.
По заповед на началникот на Генералштабот на руските Вооружени сили Валериј Герасимов, целата авијација и средствата за ПВО на Јужниот воен округ беа доведени во состојба на целосна борбена готовност.
На сигналот за тревога беше активиран составот на авијациските групи, воените единици, силите за ПВО од Ростовската и Волгоградската област, Краснодарскиот и Ставрополскиот крај, на републиките Северна Осетија-Аланија и Крим, појаснува „Рамблер“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче