Компанијата „Сухој“ им испорача на руските Воздушно-космички сили уште една партија бомбардери-ловци Су-34, соопшти прес-службата на фабриката.
„Компанијата „Сухој“ му ја испорача на Министерството за одбрана на РФ втората партија бомбардери-ловци Су-34 во рамките на реализацијата на договорот за набавка на вооружување во 2017 година. Авионите полетаат од аеродромот на Новосибирската фабрика за производство на авиони „Чкалов“ и се упатија во својата база“, се наведува во соопштението.
Како што се нагласува, државниот договор со Министерството за одбрана за испорака на Су-34 до 2020 година обезбедува стабилно производство за фабриката во наредните години и ја дефинира перспективата за долгорочен развој.
Првиот договор за испорака на Су-34 Министерството за одбрана РФ го склучи со фабриката „Сухој“ во 2008 година. Првата партија авиони оваа фабрика годинава им ја испорача на ВКС на РФ кон крајот на мај. Како што се очекува, војската ќе добие вкупно помеѓу 150 и 200 вакви летала.
Авионот може да носи до осум тони борбен товар, развива брзина до 1900 километри на час, а неговиот долет е 4000 километри. Бомбардерите учествуваа во антитерористичката операција во Сирија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче