„Русија покажа дека и понатаму има ефикасни средства за електронско војување”, изјави Хоџис во интервју за „Дифенс Њуз“ (Defense News).
Според него, САД забележале дека во основата на водењето на борбените дејствија на Русија и понатаму лежат ракетите со голем дострел и ракетната артилерија. Освен тоа, Москва покажала и голем број на акции со учество на беспилотни летала.
Хоџис исто така изјави дека САД ќе го анализираат новиот систем на контрола и команда што го тестирала Русија.
Претходно министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу изјави дека на маневрите„Запад-2017” во Русија и Белорусија во септември е увежбувана тактика за борба против терористите на „Исламската држава”.