Специјалците на руските десантни сили се префрлија на ракетни пикап возила

Наука и технологија
ИВАН МОРОЗОВ
Специјалните единици ги добија првите 20 пикап возила врз база на УАЗ „Патриот” опремени со минофрлачи, противвоздушни системи и митралези.

Како што соопшти претставник на руското Министерство за одбрана, теренските возила во состав на специјалната единица на Ваздушно-десантните сили можат да носат митралези со голем калибар, автоматски минофрлачи, противтенковски наведувани ракетни системи и обично стрелечко вооружување.

„Воведувањето на овој тип на возила во составот на специјалните единици на Воздушно-десантните сили значително ќе ја зголеми мобилноста на извидувачките групи кои дејствуваат на оддалеченост од главните десантни сили“, додава рускиот воен ресор.

Овој новитет врз база на „Патриот” беше претставен уште во 2016  година. Тогаш беше објавено дека новите пикап возила имаат засилен систем за потпирање, како и рамка со специјални ротирачки лежишта за поставување на вооружувањето. Под хаубата се наоѓа бензински мотор од 2700 кубици.