Куќа изградена со помош на топ

Топовскиот систем Гиацинт на руската војска. Фотографија: mil.ru

Топовскиот систем Гиацинт на руската војска. Фотографија: mil.ru

Математичарите од Пермскиот универзитет (ПГНИУ) најдоа начин како да ја применат артилеријата во градежништвото. Научниците предлагаат темелите да се набиваат во земјата со помош на воена опрема. Оваа технологија нема свои аналози во светот, а за неа веќе се заинтересирани некои кинески корпорации, соопштуваат од универзитетот.

Проектот започнал да се разработува на почетокот на деведесеттите години од минатиот век од страна на докторот по технички науки, професор на Пермскиот универзитет Олег Пенски. „Се занимавам со разработка на математичка теорија за забивање на темелите со артилериско оружје, ја опишувам со соодветни диференцијални равенка. Заедно со колегите први ги разработивме шемите на неколку градежни топа, ги пресметавме потребните маса на полнењето, со што би се спречило распаѓање на цевката и уривање на темелот. Оваа технологија е заштитена со десетина патенти“, раскажува професорот.

Со помош на оружје изградени се неколку згради на Пермската фабрика за ремонт на вагони, а исто така и кулите на нафтените наоѓалишта 

Според математичарот, со користењето на топови за време на изградбата може да се заштеди не само на време, туку и на пари. Тајната на економската исплатливост е во барутот: за стрелање оружјето се полни со застарен вид. Без оглед на тоа што војниците престанаа да го користат ваквиот вид барут, тој како и претходно во огромни количества се чува во магацините. Подобро е на овој барут да му се најде некаква примена, одошто едноставно да се пали при утилизацијата, уверени се учесниците во проектот. 

Новиот метод веќе е испробан: со помош на оружје изградени се неколку згради на Пермската фабрика за ремонт на вагони, а исто така и кулите на нафтените наоѓалишта во Нефтејуганск и во Нижневартовск. За разработката се заинтересирале и во Москва: технологијата се проучува во Федералната агенција за градежништво и за станбено-комунални услуги. Проектот исто така беше претставен и на Третиот меѓународен технолошки симпозиум во Шангај. Професорот Пенски веќе имал преговори за трансфер на технологијата со претставници на кинеската корпорација „Џуо Ѕан“. 

Технологијата на професорот Пенски продолжуваат да ја разработуваат млади научници. Во јули професорот на ПГНИУ Арсениј Черников ја одбранил својата кандидатска дисертација, посветена на примената на артилеријата во градежништвото, но веќе не на копно, туку во вода. Во процесот на пишување на дисертацијата г. Черников оформил четири патенти за својата разработка, за кои добил медал од Руската академија за природни науки „А. Нобел“ за развој на пронајдок.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња