Руските моторизирани единици првпат се истоварија на арктичкиот остров Голомјани

mil.ru
Арктичките моторизирани единици на Северната флота првпат во современата руска историја се истоварија на островот Голомјани на архипелагот Северна земја.

Во текот на истоварувањето единиците на моторизираната бригада на четири повеќенаменски оклопни транспортери МТ-ЛБВ реализираа симулиран напад на непознат терен на Арктикот. Со поддршка од јуришните трупи на морнаричката пешадија од големиот противподморнички брод „Североморск” припадниците на моторизираните единици го зазедоа крајбрежниот терен, а по подготовката реализираа боеви гаѓања со автоматски пушки, митралези и минофрлачи, симулирајќи ликвидација на диверзанти. 

За време на шестата арктичка мисија исто така е реализирано истоварување и се увежбани борбени дејствија со елементи на препад на најсеверната точка на евроазискиот континент (на ’ртот Челјускин) и на брегот на островот Котељни кое му припаѓа на архипелагот на Новосибирските острови.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња