„Иркут” планира кон крајот на 2017 да почне со сериско производство на МС-2

МС-21.

МС-21.

ITAR-TASS
Планирано е во 2018 година да се заврши со производството на пробните модели.

Конструкторот и производител на најновиот руски патнички авион МС-21 „Корпорација Иркут” планира да започне со сериско производство на МС-21 кон крајот на 2017 година. Ова го соопшти прес-службата на „Иркут”, пренесува ТАСС.

Кон крајот на 2017 година ќе почне производството на различни делови за следните пет сериски авиони МС-21”, соопшти портпароолот на „Корпорацијата Иркут”. „Планирано е во 2018 година да се заврши производството на модели на леталото и да продолжи производството на сериски авиони“.

Во моментов еден авион ги поминува испитувањата за летање, друг се наоѓа во Централниот аерохидродинамички институт „Жуковски” заради статички испитувања. Монтиран е планерот на третиот пробен авион, четвртиот пробен авион се склопува, а за петтиот се произведуваат делови.

МС-21 е авион за летови на средна дистанца. Планирано е производство на две верзии: МС-21-200 (од 132 до 165 места) и МС-21-300 (од 163 до 211 места). Во моментов се работи само на авионот МС-21-300, кон крајот на мај тој го изврши првиот лет. Првите испораки на авионите се планирани за крајот на 2018 година.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња