Изгледот и карактеристиките на авионите во состав на Военото воздухопловство на Русија, секогаш подготвени да ја бранат Татковината, многу се променија во текот на времето.
Су-35С е повеќенаменски суперманеварски ловец едносед од генерацијата „4++“. Су-35С во 2013 година предизвика вистинска мешаница на меѓународниот авио-салон во Ле Бурже во Франција. Кога се вивна авионот кон небото, завладеа штама. Публиката без здив го гледаше неговиот лет.
Пилотите на морнаричката авијација мораат да бидат многу увежбани. Полетувањето и слетувањето на палубата на носач на авиони и закачувањето за приемната сајла при приземјувањето сите пилоти не можат да совладаат. Су-33 е примарниот модел на палубен авион во Воената морнарица на Русија.
Супермодерниот руски ловец досега беше познат под работните називи ПАК ФА и Т-50, а сега ја доби својата официјална ознака: Су-57. Авионот е подобрен со современ мотор благодарение на кој ќе биде подобар од американските „колеги“ од истата генерација.
Су-24 е фронтовски бомбардер со променлива геометрија на крилата, познат по продолжениот носен дел, поради што НАТО му го даде кодниот назив Fencer („мечувалец“). Друга забележлива карактеристика му е четвртестиот облик на трупот, така што понекогаш го нарекуваат и „куфер“.
Стратешкиот бомбардер Ту-160, познат како „бел лебед“, е најголемиот суперсоничен воен авион на светот. Военото воздухопловство на Русија во својот состав има само 16 вакви колоси, но и тоа е доволно да се оствари одвраќање на нуклеарен напад. По 2020 година Русија ќе почне сериско производство на ПАК ДА - новата генерација системи на стратешка авијација кои постепено ќе ги заменат Ту-160 и Ту-95.
МиГ-29 е уште еден многу познат борбен авион, произведен во голем број на примероци. Претставен е 1977 година, а НАТО му го даде кодниот назив Fulcrum. Членовите на акробатската пилотска група „Стрижи“ го покажуваат своето мајсторство летајќи со овие летала.
Единствениот руски школско-борбен авион е Јак-130. Во текот на обуката за летање автопилотот може да симулира опасна ситуација и пилотот-почетник да го наведе да реагира на саканиот начин.
Су -34 е повеќенаменски авион специјализиран за напади врз цели на земјата. Се работи за двосед. Има голема маса (38 тони) и е препознатлив по аеродинамичниот облик на трупот и сплесканиот носен дел. Авионот Су-34 е основниот фронтовски бомбардер на Военото воздухопловство на РФ и е опремен со различно вооружување класа „воздух-земја“.
ИЛ-76МД е тежок воен транспортен авион наменет за превоз на луѓе, опрема и други видови товар. Ова е првиот советски воен транспортен авион на турбо-млазен погон.
А-50 „Бумбар“ е единствениот руски авион наменет за рано радарско откривање и следење, со голема и лесно препознатлива сателитска антена на горниот дел. Основа за неговото производство беше транспортното летало ИЛ-76МД, а вградениот радарски систем му овозможува на авионот А-50 „Бумбар“ да биде „очите и ушите“ на Военото воздухопловство на Русија.