Русија ги уништи сите резерви на хемиско оружје

Виктор Чернов/Global Look Press
Русија ги уништи последните резерви со хемиска муниција и на тој начин се ослободи од речиси 40 илјади тони отровни материи.

Уништувањето е спроведено на полигонот Кизнер во Република Удмуртија, а операцијата преку телемост ја следеше претседателот на Русија Владимир Путин.

Во целата земја вкупно се уништени 39967 тони отровни материи и тоа три години пред рокот предвиден за 2020 година.

Медиумите оперираат и со цифра од 316 милијарди рубли која е издвоена за таа цел.  

Министерот за индустрија и трговија на РФ Денис Мантуров изјави дека инфраструктурата направена за уништување на резервите на хемиско оружје ќе биде користена подоцна за производство на хемиски и фармацевтски производи, како и за уништување на опасен отпад.

На почетокот на септември беше соопштено дека Русија ги уништи сите резерви на оружје со луизит, по што останаа за уништување само помали партии на хемиска муниција со отровни материи од типот Ве-Икс.

Целната програма за Уништување на резервите на хемиско оружје во Русија е донесена 1996 година, а соодветната конвенција е ратификувана 1997 година.

Хемиското оружје беше уништувано во седум објекти во Саратовската, Кировската, Пензенската, Курганската и Брјанската област и Република Удмуртија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња