Русија целосно ја уништи муницијата со луизит

Вработен со гас-маска и заштитно одело во просториите на објектот за уништување на хемиско оружје во населбата Марадиково, Кировска област.

Вработен со гас-маска и заштитно одело во просториите на објектот за уништување на хемиско оружје во населбата Марадиково, Кировска област.

Григориј Сисоев/ТАСС
Русија заврши со уништувањето на муницијата со отровниот гас луизит.

Ова беше направено во објектот за складирање и уништување на хемиско оружје „Кизнер“ во Удмуртија, пренесува „Лента.ру“.

Според началникот на Федералната управа за безбедно складирање и уништување на хемиско оружје генерал-полковник Валериј Капашин, на Русија ѝ останува да ликвидира уште само една мала група на хемиска муниција со отровниот гас од типот „Ви-икс“.  Тоа ќе овозможи Москва целосно да ги исполни обврските според меѓународната Конвенција за забрана на развој, производство, складирање и примена на хемиско оружје и за негово уништување.

„Тоа ќе се случи во наредните недели, затоа што објектот „Кизнер“ продолжува со својата работа во нормален режим“, истакна Капашин.

На почетокот на август генерал-полковникот соопшти дека уништувањето на резервите на руските бојни отрови ќе биде завршено до крајот на септември 2017 година. САД, според него, ќе ги уништуваат своите арсенали до 2023 година.

Луизитот е органофосфорен боен отров со нервно-парализирачко дејствие. Отровен е за човекот при секој облик на примена, а исто така може да навлезе и преку материјалите на заштитните одела и гас-маските.

Русија почна со уништување на советското хемиско оружје во јануари 1998 година. Тогаш неговите резерви изнесуваа околу 40 илјади тони. Муницијата  со отровни материи (V-гас, сарин, соман, фосген, како и иперит, луизит и нивни смеси) и контејнерите со нив беа донесени во седум сладишта: Горни (Саратовска област), „Камбарка“ и „Кизнер“ (Удмуртија), „Марадиковски“ (Кировска област), „Почеп“ (Брјанска област), „Леонидовка“ (Пензенска област) и „Шчучје“ (Курганска област).

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња