И додека производителите на автомобили од целиот свет ги претставуваат своите новитети на саемот на автомобили во Франкфурт, руска „Група Газ“ го претстави на меѓународната смотра на нова комерцијална техника во Москва обновениот модел „Газељ Next“.
Овој модел може да превезе до 2,5 тони товар, додека тежината на самото возило изнесува 4,6 тони. И како што истакнуваат специјализираните автомобилски медиуми, се работи за првиот модел од оваа класа во Русија кој добива автоматски менувач.
„Благодарејќи на модернизираната платформа, ја зголемивме носивоста на нашето возило, пред сѐ тоа е оригиналниот заден мост со оригинална конструкција со диск сопирачки, тоа е модернизираниот рам и тоа е модернизираната трансмисија“, изјави претставувајќи го возилото Павел Середа од огранокот „Лесни комерцијални автомобили на Групата ГАЗ“.
Од компанијата велат дека ова возило би можело да биде основа за ново семејство такви автомобили, конкретно на платформата „Газељ Next“ ќе биде произведен минибус со 22 седишта.