Минатата недела данската компанија 3D Printhuset соопшти дека на 3-Д печатач печати деловна зграда во Копенхаген со површина од 50 метри квадратни. Темелот е веќе положен, а сега се печатат ѕидовите. Во тоа ѝ помага изумот на компанијата „Спецавиа“ од Јарослављ, која произведува 3-Д печатачи за градежништвото.
Со помош на посебен печатач од изворниот материјал се создава производ според дигитален модел. Сега се работи на бетонот – печатачот кој Данците го купија печати зграда во слоеви со дебелина од 2 сантиметри, кружејќи по контурите на идната структура, изјави заменик-главниот директор на компанијата „Спецавиа“ Евгениј Тарбеев, пренесува „Ведомости“.
Најголемата куќа на светот изградена со помош на 3-Д печатач се наоѓа во Кина. Кинеската компанија „Винсун“ во 2015 година изгради четирикатна зграда со површина од 1100 метри квадратни. На печатач се направени сите делови на зградата од кои подоцна беше составена.