Според Министерството за одбрана на РФ, уништен е команден пункт како и поголем број складови со вооружување југоисточно од градот Деир ез Зор. Во моментов сириската армија изведува успешна операција во реонот на уништените објекти.
Вкупно се лансирани 7 крстосувачки ракети „Калибар“ кои погодија неколку цели на далечина од 500-670 км. Сателитските снимки го потврдија високиот степен на прецизност и тоталното уништување на погодените објекти кои беа цел на нападот.
„Велики Новгород“ и „Колпино“ се дизел-електрични подморници од класата 636.3 „Варшавјанка“. Двете подморници се наоѓаат во состав на Црноморската флота. Веќе две недели тие се во водите на Средоземното море, каде изведуваа вежби со постојаната поморска борбена група на руската флота. Вежбите беа во состав на пошироките ширих оперативно-вежбовни активности кои подразбираа изведување на елементи од противподморничка и противдиверзиска одбрана на отворено море.
Последниот напад со ракети „Калибар“ беше изведен на почетокот на септември од фрегатата „Адмирал Есен“ во текот на операцијата за деблокирање на сирискиот гарнизон во градот Деир ез Зор.