Покрај класичната варијанта, се планира и развој на нечуен автомат со ознака АМБ17. Посебен интерес за оваа верзија на автоматите покажаа специјалните единици во состав на ФСБ, ФСО и Росгвардија. Доколку автоматот ги помине сите ригорозни испитувања, се очекува дека до крајот на следната година да почне и неговото сериско производство.
АМ-17 е замислен како лесно оружје за самоодбрана, но и како одлично средство за потребите на специјалните единици. Неговиот габарит дава голем простор за манипулација со оружјето, што е од голема важност при изведувањето на антитерористички операции во тесен, затворен простор. Неговата максимална должина нема да надминува 50 сантиметри, додека тежината е ограничена на 2,5 кг. Опремени е со проѕирни пластични шаржери со калибар 5,45×39 мм, со капацитет до 30 куршуми. Благодарение на интегрираните „Пикатини“ шини, на него ќе може да се постави цел спектар на различни додатоци.
Моделот АМБ-17 е опремен со придушувач кој ја намалува звучноста при истрел на ниво на нечујните снајперски пушки (ВСС „Винторез“). Според ергономијата и распоредот на главните команди не заостанува со ништо зад основниот модел АМ-17. Единствената разлика е во калибарот на оружјето. Имено, автоматот ќе користи куршуми 9×39 мм. Овој модел на автомати сериозно се заканува да го замени досегашниот автомат АС „Вал“, како и споменатиот „Винторез“. Ќе се одликува со неговата исклучителна прецизност на огнот и високиот степен на издржливост при експлоатацијата.