Борис Егоров
Бастуни со острици. Бастун со скриена острица за борба одблиску. Острицата може да се исука како меч или да се извади така што бастунот ќе може да се користи како некој вид на копје. Има и модели со зајакнат ракофат, така што шпионите можат да ги користат како боздоган.
Борис Егоров
Скриени прегради за шверц и шпионажа.
Оваквите скриени прегради првенстено се користени за шверц на забранета роба и како такви биле погодни и за шпионите.
Илја Огарев
Камери во часовници и запалки. Камери сместени во мали предмети за секојдневна употреба, како запалки или рачни часовници, спаѓаат меѓу уредите кои најчесто се конфискувани од странски шпиони во СССР и во современа Русија.
Илја Огарев
Предавател вграден во касетофон.
Честопати стручњаците на странските разузнавачки служби вградувале радио-предаватели во касетофони и на тој начин овозможувале комуникација со своите агенти на советска територија.
Илја Огарев
Книги за дешифрирање на шифрирани пораки.
За дешифрирање на шифрирани информации странските шпиони користат книги на странски јазици со неочекувана содржина – од бајки и романи до упатства за користење на техника.
Илја Огарев
Тајна преграда во држач за пенкала и минијатурна камера во електрична бричалка.
Вообичаени предмети за секојдневна употреба се користени за криење на специјални шпионски направи или податоци. Во држачот за пенкала направена е тајна преграда, а во апаратот за бричење е сместена минијатурна камера.
Илја Огарев
Предмети со тајни прегради за комуникација помеѓу агентите.
Со помошта на скриени прегради во предмети направени од различни материјали (пластика, метал, дрво) агентите добивале упатства за своите мисии, средства за шифрирање и пари.
Илја Огарев
Примопредавател скриен во торба.
Примопредавателите кои ги користеле шпионите за праќање на податоци и прием на инструкции од шпионскиот центар обично биле компактни и можеле лесно да се сместат и во помала торба.
Илја Огарев
„Скакулци”.
„Скакулци“ (ножеви чиешто сечиво „скока” од дршката) им служеле на шпионите да се заштитат од контраразузнавачите.
Илја Огарев
Тајни прегради. Во шуплините скриени во внатрешноста на дрвени плочки шпионите чувале пари, тајни материјали, средства за шифрирање и кодови.
Илја Огарев
Електрошокер вграден во лампа.
Лампата со електрошокер е оружје за непосредна борба кое го користеле странските шпиони и диверзанти. Струјниот удар е доволен да го онесвести непријателот и на тој начин му овозможува на шпионот да побегне и да се сокрие.
Илја Огарев
Пиштоли во облик на рулет и пенкало.
Пиштолот во облик на француски рулет „Le protector“ е со капацитет од десет куршуми. Мал е и лесно може да се скрие или незабележливо да се држи во рака или в џеб. Од непосредна близина е смртоносен. Од оружјето во форма на хемиско пенкало можело да се стрела само еднаш.