Во Приморскиот крај се одржаа вежби на поморската пешадија на Тихоокеанската флота со реализација на воздушно-поморски десант и боеви гаѓања, пренесува ТВ „Ѕвезда“.
Војниците одработија реализација на дефанзивни и офанзивни активности, блокирање и уништување на диверзантско-извдувачки група на условен непријател, како и излегување од борба и повлекување со користење на релјефот на теренот.
Се наведува дека поморската пешадија одработила и задачи за десантирање од големиот десантен брод „Николај Вилков“ и од авион Ан-26.
Во вежбите учествуваа околу 1000 војници повеќе од 200 единици техника. На полигонот Клерк, каде се одржуваа маневрите, беа создадени услови максимално слични на борбени.