Русија и Турција потпишаа договор за испорака на С-400

Наука и технологија
ИВАН МОРОЗОВ
Русија и Турција го потпишаа договорот за испорака на руските ПВО-системи С-400 „Триумф“ на Анкара.

Москва и Анкара склучија договор за испорака на Турција на противвоздушни ракетни системи С-400 „Триумф“, пренесуваат руските медиуми повикувајќи се на Федералната служба за воено-техничка соработка на (ФСВТС).

„Поради специфичноста и чувствителноста на темата сметаме дека во оваа фаза е некоректно да се откриваат какви било детали“, нагласува ФСВТС. Од ресорот објаснуваат дека коментирањето на договорот е пред сѐ право на нарачателот.

„Притоа е неопходно да се истакне дека испораката на наведениот систем на Турција одговара пред сѐ на геополитичките интереси на Руската Федерациjа“, додаваат од службата.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган претходно денеска изјави дека Анкара го платила депозитот за купените во Русија системи С-400, пренесува „Лента.ру“.