Десетте најдобри недофатливи „МиГ-ови

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Листа на најдобрите авиони од типот „МиГ“.

Генералниот конструктор на авиони од типот „МиГ“, Ростислав Аполосович Белјаков, почина на 28 февруари 2014 година во 95 година од животот. Уживаше голема почит во Русија како извонреден воздухопловен инженер. Роден е на 4  март 1919 година во Муром, град оддалечен околу 280 км од Москва. Дипломира во 1941 година на Московскиот авијациски институт (МАИ) и веднаш потоа се приклучува на Специјалниот конструкторски отсек на Авијацискиот завод бр. 1 „Авиахим“, каде раководител му е Артјом Микојан. За кратко време Белјаков станува врвен специјалист за системи за управување и уреди за слетување на авионите. Активно учествува во создавањето на првите ловци од типот „МиГ“.

МиГ-3 беше советски ловец за време на Втората светска војна.

МиГ-9 беше првиот ловец опремен со млазен мотор, развиен во кострукторското биро ОКБ „Микојан“ непосредно по Втората светска војна. Користеше мотори произведени врз база на германскиот мотор BMW 003.

МиГ-15 е млазен ловец развиен во ОКБ „Микојан“ за потребите на Военото воздухопловство на Советскиот Сојуз. Ова беше еден од првите млазни авиони со стрелести крилја, што во најголемиот број на случаи беше негова предност во однос на непријателските ловци чии крила не беа закосени во однос на трупот.

МиГ-17 е авион-ловец способен да лета со брзина блиска до брзината на звукот. Се произведуваше во СССР од 1952 година. Правен е во различни варијанти и се користеше во воените воздухопловства на многу земји.

МиГ-19 е советски ловец едносед од втора генерација со два млазни мотори. Тоа беше првиот советски сериски суперсоничен авион.

МиГ-21 е суперсоничен млазен ловец, конструиран во Советскиот Сојуз во ОКБ „Микојан“. Поради крилата со триаглест облик советските пилоти го нарекуваа „балалајка“, затоа што потсетуваше на овој руски жичен музички инструмент.

МиГ-25 е суперсоничен пресретнувач и извидувачки авион, а спаѓаше во најбрзите воени летала во оперативна употреба. Конструиран е во ОКБ МиГ „Микојан“. Првиот прототип полета во 1964 година, а во редовна служба овој авион е воведен во 1970 година.

МиГ-29 е советски млазен ловец од четврта генерација. Развиен е во 1970-те во ОКБ „Микојан“ како ловец наменет за остварување надмоќ во воздух. МиГ-29, заедно со поголемиот апарат Сухој Су-27, требаше да им се спротивстави на новите американски ловци F-15 „Орел“ на производителот McDonnell Douglas и F-16 „Борбен сокол“ на производителот General Dynamics. МиГ-29 во 1983 година е воведен во оперативна употреба во Военото воздухопловство на СССР.

МиГ-31 е надзвучен ловец-пресретнувач развиван со цел да го замени МиГ-25 (Foxbat според кодификацијата на НАТО). Конструиран е во ОКБ „Микојан“ врз основа на моделот Миг-25.

МиГ-АТ е руски тренажен авион кој првпат полета во 1996 година, произведен за да ги замени во Военото воздухопловство на Русија леталата  Аеро Л-29 и Аеро Л-39.