„Постигнати се одредени резултати и за Министерството на одбрана (на РФ) тоа е корисна информација. Меѓу другото, овие испитувања беа основа за склучување договори на форумот „Армија-2017”, изјави главниот конструктор на „Уралското конструкторско биро за транспортна машиноградба” Андреј Терликов.
Се очекува дека во рамките на овој договор тенковите Т-72 и Т-90 да бидат модернизирани до ниво на Т-72Б3 и Т-90М.
Претходно началникот на Главната оклопно-тенковска управа на Министерството за одбрана на Русија Александар Шевченко изјави дека веќе во 2017 година во составот на вооружувањето на руската војска ќе стапи борбеното возило за непосредна огнена поддршка на тенковските единици од типот „Терминатор”, за кое се заинтересирани многу земји, а пред сѐ Израел и Сирија.