Најдобрите моменти на МАКС-2017

Посетители уживаат во аерошоуто на МАКС-2017. 23 јули 2017, Жуковски, Московска област, Русија.

Посетители уживаат во аерошоуто на МАКС-2017. 23 јули 2017, Жуковски, Московска област, Русија.

Сергеј Бобилев/ТАСС
На последното издание на главниот авиосаем во Русија беа испишани нови страници во историјата. Публиката на МАКС-2017 можеше да види вистински двобој на борбени авиони од петтата генерација, трка на МиГ со болид на Формула 1, па дури и тоа како Путин ги чести сладолед главните луѓе од светот на бизнисот.

Тие ‘ржеа, налетуваа, сјаеја на сонцето, дури и влегуваа во дуел едни со други. Авионите! Не бизнисмените.

Од 18-23 јули во Подмосковје, 84 воени и цивилни летала настапија на Меѓународниот авијациски и космички саем МАКС-2017.

Саемот, сепак, нема да биде запомнет само по авионите.

Посетата на Владимир Путин

Рускиот претседател пристигна првиот ден од саемот и ги поведе со себе најважните деловни луѓе за да дискутираат за иднината на воената и цивилната авијација. Путин реши да ги „заблажи“ претстојните преговори со тоа што им купи сладолед на сите.

 

Можеби токму тоа помогна да се потпишат некои многу лукративни договори, а такви имаше навистина многу.

Големите пари и „Сухој Суперџет–100

Руските компании потпишаа договори во вкупна вредност од 400 милијарди рубли (6,8 милијарди долари)

Најголемиот договор го потпишаа „Аерофлот“ и корпорацијата „Сухој“ за 20 авиони „Сухој Суперџет-100“. Оваа „птица“ беше во центарот на вниманието како на домашните, така и на странските купувачи. Сепак, годинава не беа потпишани договори со странски клиенти.

 

Покрај тоа, беше потпишан договор за лизинг на 16 авиони МС-21 со авиокомпанијата Red Wings.

Останатиот дел од МАКС им припадна на воените авиони.

МиГ-35

 

Број 1 на листата со главни атракции беше најновиот МиГ-35, повеќенаменскиот борбен авион од генерацијата 4++  кој ќе го замени МиГ-29 не само во Русија, туку и во светот.

МиГ-35 се вивна високо на небото со брзина од 2,700 км/ч (300 километри побрзо од претходникот) и изведе серија најтешки акробации.

Најновите модификации го прават речиси невидлив за радарите и му дозволуваат да ги користи сите современи руски ракети воздух-воздух и воздух-земја. Овие карактеристики ќе го направат МиГ-35 да биде еден од најдобрите борбени авиони на светот, вели водечкиот пробен пилот на компанијата МиГ Михаил Бељаев, кој додава дека авионот е во завршната фаза на тестирање и ќе влезе во состав на руските Воздушно-космички сили за неколку години.

„Руските Витези“ ја воодушевија публиката

 

 

Годинава публиката можеше да види како изгледа еден лет на борбен авион од пилотската кабина на аеробатскиот тим на „Руските витези“. Каква можност да „седите во прв ред“ додека ги гледате акробациите на „Руските витези!“

МиГ-29 против АУДИ R8

Трка меѓу МиГ-29, кој развива брзина од 2000 км/ч и тркачки автомобил на „Ауди“ звучи малку лудо, но финишот би можел да ве изненади.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња