Може да се види дека во новиот кинески носач на авиони „Шандонг“, пуштен во вода на крајот на април, има многу руско. Тоа е неочекувано за брод кој, како што тврдат кинеските власти, е создаден целосно на територијата на земјата. Но, тука не станува збор за конкретни детали, ами за идеи и концепти.
Прототипот на првиот кинески носач на авиони е советскиот проект 1143.5 - серијата на рускиот тежок носач на авиони „Адмирал Кузнецов“ и на украинскиот „Варјаг“ кој е продаден на Кина во 1998 година и преименувана во „Лаолин“.
Последниот, според главниот уредник на списанието „Експорт вооружениј“, Андреј Фролов, станува пример за конструкторите на „Шандонг“.
Според зборовите на главниот уредник на списанието „Арсенал Отечества“ Виктор Мураховски Кина целосно го задржала концептот и инженерски решенија на проектот 1143.5.
Ова се однесува на пример на полетувањето на авионите благодарение на издигнатата палубата, а не за сметка на парниот или електромагнетен катапулт. Друга карактеристика на проектот е комбинирањето во еден брод на ракетни системи со авијатичката група.
„Проектот е создаден во времето на СССР. Тогаш се сметаше дека на секој брод треба да има сместено максимално можно количество ударно вооружување за обезбедување на технолошка предност над бродовите на САД“, додава Мураховски.
Според експертот од чисто кинеската разработка треба да се одбележи новиот моќен агрегатор и радиоелектронската опрема.
Како недостаток на бродовите по проект 1143.5 може да се посочи ограниченото воздухопловно крило. Особено, поради можноста да бидат ставени ракетни системи, од палубата не можат да полетуваат авионите од тешка класа, ами само лесни борбени авиони.
И покрај сето ова новиот кинески носач на авиони поседува добри ударни можности благодарение на присуството на противбродски ракетен комплекс и можноста истовремено да се носи воздухопловна група, во чиј состав да се вклучени и специјализирани хеликоптери за откривање и уништување подморници.
Притоа бродот е создаден на прво место за служба во крајбрежните зони, а не во отворените океански пространства.
Иако „Адмирал Кузнецов“ е конструиран во 1982 година, а „Варјаг“ во 1985 година, нивниот проект не може да се нарече застарен. Поранешниот командант на Црноморската флота, адмирал Игор Касатонов нагласува дека е важен не толку самиот носач на авиони, ами со какви авиони располага тој.
Депласманот на авиони е 59.5 илјади тони, должината му е 304 метри, а ширината - 75 метри. Бродот може да развива брзина до 29 јазли (29 километри на час) и да надмине околу 8 илјади милји.
Како што информира Ројтерс, повикувајќи се на кинески медиуми, авионoт ќе биде пребазиран во Јужното Кинеско Море, каде во наредните две години ќе бидат доработувани нијансите на бродот. Се претпоставува дека во иднина на носачот на авиони ќе бидат распоредени 36 ловци „Џијанг-15“ (J-15).
Вишиот научен соработник во Центарот за сеопфатни европски и меѓународни студии при Високата школа за економија Василиј Кашин смета дека Кина ќе изгради уште еден брод по проектот 1143.5 и до 2020 година ќе започне производството на нови големи атомски носачи на авиони исклучиво со авиогрупа на палубата.
„Ќе направат не помалку од два од нив. Тие веќе ќе вршат борбени задачи не само по кинеското крајбрежје, ами и во морињата и океаните далеку од границите на оваа земја. Значи НР Кина ќе стане носител на втората по големина флота на носачи на авиони во светот, надминувајќи ја силата на француската и англиската, земени заедно“, вели аналитичарот.
Но, за таа цел, како што тврди Мураховски, на Кина ѝ претстои да заврши многу работа за подготовка на воздухопловниот состав.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче