Русија нема како да се бори со американската „алатка за геноцид“ во Сирија

Getty Images
Американските ракетни лансери ја предупредуваат руската армија, но ја оставаат офанзивата на Рака непроменета.

Американските високомобилни ракетно-артилериски системи HIMARS лоцирани од САД во сирискиот град Ат Танф ја загрозуваат сириската армија, а Русија не може да им се спротивстави, а притоа силно да не ескалира конфликтот. Распоредувањето сепак не влијае на динамиката на офанзивата во Рака која водат силите поддржани од САД и Русија, а кои се борат со „Исламска држава“.

Единствениот начин на кој Русија може да ги неутрализира американските HIMARS лоцирани неодамна во Ат Танф, е да „ги разурне во момент во кој тие се подготвуваат да лансираат ракета“, изјави за „Руска реч на македонски“ рускиот воен експерт Дмитриј Литовкин.

Практично нема друг начин од гледна точка на технологијата Русија или поддржаната од неа сириска армија да се борат со заканата на ракетните системи, за кои беше соопштено дека се наоѓаат во Јужна Сирија. „Проектилите на овие системи се независни: ја постигнуваат својата цел ако бидат пуштени од ракета“, објаснува Литовкин. „Нема смисла да се прават обиди овие ракети да се урнат со противракетни одбранбени системи, бидејќи една ракета за HIMARS чини помалку од ракетата за одбранбениот систем за борба против неа“, додава експертот.

Натрупувањето на воена моќ во Јужна Сирија сепак изгледа не ги поткопува сериозно руските интереси во Рака - клучен град за воените кампањи како на САД, така и на Русија во земјата.

„Алатката за геноцид“

Огнениот опсег на HIMARS може да достигне максимум 300 километри, следствено Рака и нејзината околината се надвор од дофатот на системите. Затоа главната цел на САД е да ја засили еднострано прогласената „зона без судири“ во регионот, за да го спречи Иран да ја снабдува сириската армија.

„Со распоредувањето на HIMARS САД испраќаат јасен сигнал до Москва и Дамаск дека нема да ја предадат сириско-ирачко-јорданската граница под контрола на просириската влада и иранските сили“, изјави за „Руска реч на македонски“ Алексеј Хлебников, експерт за Блискиот Исток во рускиот Совет за меѓународни односи.

Експертот смета дека е малкуверојатно распоредувањето на моќните ракетни системи да има нешто заедничко со планираната офанзива во Рака. „САД се обидуваат да ги спречат просириските владини сили да завладеат со стратешкиот град Ат Танф и да се здобијат со контрола врз автопатот, кој ги поврзува Дамаск, Багдад и Техеран. Инаку Иран би добил можност да испраќа оружје и други испораки директно на сириската армија. Затоа САД одлучија да создадат таму своја „зона без судири“, тврди тој.

Иако HIMARS не го покрива регионот во близина на стратешкиот град Рака, окупиран од терористите од „Исламска држава“, кои се борат со поддржаните од САД сириски демократски сили и со поддржаната од Русија сириска армија, таа силно го поткопува капацитетот на сириската армија, бидејќи го блокира јужниот дел на земјата.

„HIMARS може да изгори хектари земја. Во зависност од ракетата, таа не само што може да уништи човечка сила на противникот, но и да уништи противтенковски и противпешадиски мини низ целиот регион. Тоа е евтин и ефикасен инструмент за тотален геноцид“, вели Литовкин .

Офанзивата на Рака

Сепак, и покрај очигледните несогласувања помеѓу Москва и Вашингтон како да се води војната, експертите не ја исклучуваат можноста за соработка меѓу силите поддржани од САД и Русија за ослободување на Рака од терористите од „Исламска држава“.

Постои варијанта „сириските војници и силите на опозицијата да си распределуваат зони на одговорност и да ја координираат офанзивата за ослободување на Рака од Исламска држава“, тврди Хлебников, нагласувајќи дека тоа „сигурно ќе го ограничи бројот на жртвите за време на офанзивата и ќе даде добар пример за идните операции против Исламска држава“.

Не може да се исклучи сепак и сценарио, каде што провладините сили и опозициските сили ќе започнат да се натпреваруваат за влијание во Рака, откако градот конечно ќе биде ослободен од канџите на терористите.

„Тука е клучната улогата на Русија и САД. Ако Москва и Вашингтон се договорат да ги координираат активностите за време на офанзивата во Рака, тоа ќе се предаде и на нивото на провладината армија и на опозициските сили. Ако не го сторат тоа, ескалацијата меѓу силите, поддржани од Русија и САД, станува веројатна“, смета Хлебников.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња