Откако во неделата (18 јуни) американските воздухопловни сили уништија сириски авион Су-22 со тврдењето дека нанел удар врз единица на опозициските Демократски сили на Сирија, Москва го раскина договорот со САД за спречување на инциденти во воздухот.
Руското Министерство за одбрана ги оцени едностраните дејствија на авијацијата на САД како грубо кршење на суверенитетот на Сирија и нормите на меѓународното право, а активностите на Пентагон - како „воена агресија“.
Друг фактор кој ја влоши ситуацијата, беше тоа што за време на нападот на американскиот F/A-18E Super Hornet против сирискиот Су-22 во близина имало руски авиони.
Од военото министерство во Москва истакнаа дека раководството на коалицијата не се поврзало со руските воени лица по одработената линија „Ел Удејд“ (базата на ВВС на САД е во Катар) - авиобазата „Хмејмим“ и не ги предупредило за опасноста од инцидент.
Како одговор руските системи за ПВО почнуваат да ги придружуваат сите воздушни објекти (како дроновите, така и фронтовата авијација на коалицијата) во реонот на дејствијата на руската авијација западно од реката Еуфрат.
Од руското Министерство за надворешни работи го опишаа инцидентот со Су-22 како помош за терористите, со кои се борат САД.
Инцидентот ќе влијае на прво место на текот на борбените акција за тврдината на „Исламска држава“ (ИДИЛ) во Сирија - градот Рака.
„Во моментов ниту една од земјите одделно не може да ја ослободи Рака. Курдите, кои ги поддржуваат САД, имаат недостиг на тешка опрема за заземањето на градот, затоа се ограничуваат со опсада. Сириската армија за возврат е во офанзива во Дејр ез-Зор и не е подготвена да се пресели во регион во кој се бори опозицијата поддржана од САД“, изјави за „Руска реч на македонски“ воениот експерт и заменик-директор на Институтот за ЗНД Владимир Евсеев.
Според аналитичарот успехот во една од најкрвавите борби во сириската војна може да биде постигнат само заеднички. Опозицијата во моментов има потреба од тенкови и тешка артилерија со која ќе ги протера борците од Рака, а во моментов може да добие таква техника само со помош на владата на Сирија. По инцидентот со Су-22 сепак оваа опција треба да биде заборавена.
„Навистина, во источните предградија на Рака Американците префрлиле дел од артилериските топови од базите во Блискиот Исток. Но, тие се малку. Во моментов е потребно масовно бомбардирање на областите каде што има купишта на терористи на ИДИЛ во Рака и учество на висококвалификуваните единиците на специјалците за нивна последователна елиминација“", тврди воениот аналитичар на весникот Известија Алексеј Рам.
Експертите сметаат дека засилувањето на тензиите помеѓу Русија и САД е привремено и во иднина земјите ќе продолжат со соработката во регионот.
„Руската авијација ќе се зафати со расчистувањето на патиштата на Дејр ез-Зор за сириската армија. Освен тоа треба целосно да се обезбеди и одбрана на Палмира, за да не ја изгубиме повторно“, дополнува Рам.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче